Бричењето нема да ја оштети важата кожа, туку наротив, при зголемувањето на температурите дури е и препорачливо од хигиенски причини, бидејќи на тој начин потта не се задржува на влакненцата.
Најголем проблем бри бричењето претставува бикини зоната, но со помош на следниве совети лесно ќе ја завршите и оваа задача.
Со бричењето започнете по подолго туширање со топла вода или бањање. Доколку прв пат се депилирате на ова место, ви препорачуваме прво да ги скратите влакненцата со ножички. Слободно користете и огледало, а за ова подрачје препорачливо е да се користи некое средство за бричење. Доколку немате, тогаш слободно може да употребите балсам за коса.
Совет плус: Користете поцврст жилет и со бричот поминувајте во насока на растење на влакненцата, никако спротивно, бидејќи тука кожата е многу осетлива, а на тој начин ја зголемувата можноста за појава на поткожни влакна.

You must be logged in to post a comment Login