Колку често смеете да ја миете косата, колку пати да правите пилинг, која температура на пегла за коса или фигаро е дозволена…
Секоја жена има свој специјален третман за убавина кој редовно го практикува. Било тоа да е одење до некој салон за убавина или рецепт за убавина. За се постои иделен број, па така и за убавината.
1-2
Број на неделни шампонирања кои се најздрави за вашата коса и теме. Секојдневното шампонирање ја суши косата и ги затвара порите доколку шампонот не се измие добро. Косата миете ја еднаш до два пати неделно, а помеѓу послужете се сув шампон.
2-3
Броеви кои покажуваат колку пати неделно морате деа направите пилинг на кожата. Секако, збориме за нежен пилинг кој ќе помогне во отсранување на нечистотиите од порите без оштетување на кожата. Доколку имате проблематична или хиперосетлива кожа, држете се до долната граница, т.е правете пилинг 2 пати неделно.
3
3 месеца можете да ја чувате маскарата, но потоа морате да ја фрлите. Со оглед колку често ја користите, на четкичката се собираат бактерии, па не е добро да ја користите повеќе од 3 месеца.
7
Број кој покажува колку пати неделно треба да ја измиете четкичката за шминкање ако се борите со акни. Жените со кожа која не е проблематична можат да ја мијат и еднаш неделно, но ако вашата кожа е полна со акни, секојдневно миење е најдобар избор.
24
Ако користите секој ден крема со заштитен фактор, го намалувате предвременото стареење на кожата за 24 проценти.
30
Минимален заштитен фактор кој го препорачуваат дерматолозите. Следен пат кога ќе посегнете по заштитен фактор број 8, сетете се на овој текст и размислете за здравјето на вашата кожа.
375
Максимална температура кој смее да дојде во допир со вашате коса. Пред користење на пегла или фигаро, на косата нанесете производ за заштита од топлина.

You must be logged in to post a comment Login