Голем број на жени се борат со одредени неправилности на лицето. Ако вашето кожа вообичаено не е проблематична, ниту пак е склона на акни, а сепак се појавуваат, веројатно сами сте виновни за тоа.
Огледало
Претераното гледање во огледало може да предизвика проблеми со кожата-верувале или не. Кога постојано ја проучувате кожата секогаш ќе најдете нешто ново што ќе посакате да го елиминирате на некој начин, а со тоа ќе ја размножите бактеријата по лицето и ќе настанат воспалителни процеси.
Аксесоари и мобилни телефони
Акните ви се појавуваат само на еден дел од лицето? Можеби причина за тоа е тоа што го допирате постојано на вашата кожа – марама, наочари, мобилен…
Претерување со пилингот
Проблематичната кожа не треба постојано да ја третирате со пилинзи и агресивни средства. Пречестото отстранување на мртвите клетки ја оставаат кожата изложена на чести иритации и оштетувања. Затоа пилинг применувајте највеќе два пати неделно.
Го миете лицето само со вода
Ако навечер го чистите лицето, а науто само го измивате со вода, таквата нега е недозволена поготово ако имате проблематична кожа. Наутро на вашата кожа се наоѓаат производите кои сте ги нанеле пред спиењето, но и маснотиите кои вашата кожа ги произвела за време на ноќта. Затоа кожата темелно изчистете ја со лосион наутро.
Брза/нездрава храна
Ако имате проблематична кожа, немојте да го заборавате фактот дека нездравата храна само ја влошува ситуацијата. Ако сакате здрава и убава кожа, нездравата храна заменете ја со овошје и зеленчук.

You must be logged in to post a comment Login