Британската модна агенција решила да го промени севкупниот поглед на убавината, менувајќи го концептот на бирање на манекенки!
Додека модниот свет се движи со мали чекори кон промени, една модна агенција решила да излезе од колосек и да предземе малку поголем чекор. Всушност оваа агенција запослува клиенти не само на основа на изглед, туку и на нивниот склоп на личност кој вклучува животен стил и интересирања.
Со седиште во Обединетото Кралство Анти-Агенцијата веќе има околу сто клиенти, и планира и понатаму да ја шири својата работа. Основачите на агенцијата во едно интервју објасниле како ги бираат своите запослени:
– Ние немаме побарувања по план на величина и висина. Нашите модели добиваат жолт картон на основа на нивната личност. Ние ја гледаме целокупната личност, а не само изгледот.
Овие модели и понатаму се многу атрактивни и убави, но освежува да се види дека агенцијата бара целосна личност а не само убаво лице. Браво!

You must be logged in to post a comment Login