Прв чекор – Утринското туширање, од хигиенски аспект, е првиот клучен чекор во целиот ден. Пред да го направите првото кафе, истуширајте се со вода со умерена температура и користете енергетски гел за туширање. Водата ќе разбуди милиони клетки во вашата кожа и ќе ја стимулира циркулацијата на крвта, па сѐ ќе почне побрзо да функционира. Ако можете, отидете во теретана и вежбајте, бидејќи по утринското размрдување вашето тело ќе биде цел ден свежо и полно со енергија.
Втор чекор – Хидратацијата доаѓа веднаш по туширањето. На овој начин состојките за нега подобро ќе се впијат во телото. Нанесете и антицелулитен лосион на критичните подрачја.
Трет чекор – Кубењето на веѓите делува едноставно, но сепак многу жени го одложуваат поради непријатното пецкање. Идеално време за оваа активност е по туширањето бидејќи порите сѐ уште се отворени и целата постапка ќе биде побезболна.
Четврт чекор – Ладни облоги на очите. На вашите очи им е потребно околу еден час за да се разбудат и отоците и подочниците да се вратат во нормала. Ладните облоги (тупфери натопени во ладно млеко или облоги купени специјално за оваа намена) ќе направат магија за само неколку минути.
Петти чекор – Добра течна пудра нанесена на лице 10 минути по туширањето и хидратантните креми подобро ќе „легнат“ бидејќи во овој период природните масла од кожата ќе излезат на површина и пудрата ќе изгледа подобро.
Шести чекор – Парфемот е важен детаљ во рутината, но голема грешка е ако го нанесувате на облеката. Напрскајте се пред да почнете да се облекувате и тоа на зглобовите, од внатрешната страна на лактот, зад увото и зад колената.
Седми чекор – Вечерните креми, помадите против стареење и третманите против акни најдобро делуваат ако се нанесат меѓу 9 и 10 часот навечер бидејќи клетките на кожата тогаш подобро ги прифаќаат таквите состојки. Во текот на ноќта поради промената на температурата на телото, порите се отвораат и состојките подобро се впиваат.

You must be logged in to post a comment Login