Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Трик за ставање кармин без огледало

Сакате да знаете како се става кармин без огледало, без разлика каде се наоѓате?

Еве што вели Челзи Кроули, ко-основач на козметичкиот бренд Stowaway (козметички препарати во вистинската големина за патување) за порталот byrdie.com  со која што разговараа на плажа во Венеција, во текот на нејзината турнеја. Таа го обелодени следниот трик, којшто веднаш ни стана омилен.

Кроули, долгогодишна шминкерка и поранешно лице на козметичкиот бренд Bobbi Brown, вели: „Можеби изгледа комплицирано, но постои лесен трик кога сакате да ставите кармин без огледало при рака.“ Таа продолжи: „Бидејќи најголем предизвик е да се стави кармин на горната усна, прво ставете на долната усна. Потоа, притиснете ги усните за да додадете боја на горната усна и не правете други движења, внимавајќи да не го размачкате карминот.

Еве го важниот дел: Откако ќе го ставите карминот на овој начин, со помош на малиот прст избришете го карминот само на врвот од горната усна (купидоновиот лак) за да го отстраните вишокот кармин кој можеби излегол надвор од линиите. Тоа е сè“!

Можете само да си замислите колку сме восхитени од оваа едноставна техника!

Трикот станува дури и поефикасен со кремастиот кармин на Stowaway ($ 15), наменет да се вклопи секаде, дури и во малиот џеб на фармерките. Како новајлии и првачиња во ставањето кармин без огледало, најверојатно ќе започнеме со светла божур нијанса, пред да се обидеме со посветла и посмелa.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement