Дали сте знаеле дека колку што ви е потемна бојата на кожата, толку потемен кармин можете да користите и обратно? Тоа е основно правило кај користење на еден од најомилените производи за декоративна козметика. Ви нудиме 10 совети за совршено нашминкани и неодоливи усни.
1. За бојата на карминот да потрае подолго, на горната страна на раката помешајте молив за усни со кармин и помешаната текстура нанесете ја на усните со помош на четка за кармин.
2. Доколку имате проблеми со правилно исцртување на усните пробајте го овој трик: моливот за усни нанесете го околу усните во точки, и потоа спојте ги заедно. Запазете је природната линија на усните.
3. За да избегнете разлевање на карминот, прво нанесете го карминот и потоа моливот. На овој начин карминот ќе се згусне и ќе остане во границите на усните.
4. Ако сакате усните да ви изгледаат поголеми, наместо молив во тон со бојата на карминот, искористете молив кој е сличен на бојата на вашите усни. Потоа нанесете го карминот, малку сјај на горната усна и на средината на долната усна, и финиширајте со сјај за усни.
5. Почесто нанесувајте кармин со помош на четка. Ќе ви помогне да нанесете попрецизно а и ќе треа подолго, па ќе можете и подолго да го користите.
6. Како да го избегнете карминот на забите? Откатко ќе го нанесете, ставете парче марамче во устата за да оставите трага во форма на буквата О. Карминот кој ќе заврши на марамчето, инаку би завршил на вашите заби.
7. Ако карминот или моливот премногу ви ги сушат усните, пред шминкање нанесете балзам и пуштете го да се впие барем пет минути.
8. Ако вашата горна усна е помала од долната, или обратно, пробајте го овој трик: светол кармин нанесете на помалата усна, а потемен на поголемата.
9. Откако ќе го нанесете карминот натапкајте на усните проѕирна пудра во прав. Така карминот подолго ќе стои. За ист ефект можете да користите и руменило или сенка за очи во боја која одговара со карминот.
10. За ефект на сензуални и надуени усни, исчистете ги усните со четка за заби и веднаш потоа намачкајте ги со маслиново масло. Ќе исчезнат сите пукнатини на усните и ќе добијат природна свежа розева боја.

You must be logged in to post a comment Login