Холивуд јасно стави до знаење дека во овој момент се може да се претвори во филм. Само погледнете го огромниот успех на “Lego The Movie” како доказ за тоа. Ворнер Брос сеуште стојат позади ова, затоа што најавено е дека комапнијата планира да направи филм базиран на инди видео играта “Minecraft“. Исто како “Legos“, “Minecraft“ е игра која им овозможува на играчите да градат структури во свет од коцки, само тука тоа го правите на вашиот компјутер или конзола за игри, за разлика од лего коцките.
Ворнер Брос во моментов пливаат во повеќе од 250 милиони долари заработени од “Lego The Movie” и веројатно гледа во “Minecraft“ како на уште една потенцијална франшиза. “Minecraft“ има стекнато повеќе од 100 милиони регистрирани корисници, откако “Mojang“ во 2011 година ја издаде оваа игра. Тоа е зачудувачки број што може да обезбеди публиката исто како Лего филмот, ако не и повеќе. Сепак, ќе им треба многу среќа за да достигнат успесите на Лего.

You must be logged in to post a comment Login