Кралицата на поп музиката ќе режира адаптација на романот “Ade: A Love Story”, во која се работи за љубов помеѓу американска студентка и млад муслиман на африканкиот континент.
Откако е објавен романот минатиот октомври, 55 годишната пејачка на својот сајт постави фотографија од книгата со порака: “Прочитајте ја оваа книга! Неверојатно! Преубава љубовна приказна!”.
Во романот станува збор за американска студентка која се заљубува во млад муслиман во Африка. Нивната почетна идила станува комплицирана кога ќе се судрат двете култури.
Според репортерите на Холивуд, продуцент ќе биде Ребека Вокер и Брус Коен, со кои Мадона во моментот бара сценарист кој ќе ја адаптира книгата.

You must be logged in to post a comment Login