Ова лето, Марвел се оддалечува од својата традиционална „Avengers“ формула за да и донесе на публиката нешто сосема уникатно. Наместо фокусирање на херои со домашни имиња, во овој филм ќе глумат група на „мисфити“ вклучувајќи ги Крис Прат како „Star – Lord“, Зое Салдана како „Gamora“, Дејв Баутиста како „Drax The Destroyer“ , Бредли Купер, како гласот на „Rocket Raccoon“, а Вин дизел како глас на дрвото „Groot “.
Со овој деби трејлер за филмот, публиката низ хумор ќе се запознае со овој свет и со карактерите во него. Не очекувајте овој филм да биде мрачен или пак премногу реален, наместо тоа, со нетрпение очекуваме едно сосема надреално искуство со ракун кој зборува, дрво кое е живо, и поранешен WWE борач.
Во поголемиот дел, овој Трејлер не ги прикажува најинтересните моменти, но на интересен начин ве припрема за тоа што следува. Сепак, тука има нешто за кое може да се каже дека е потребната промена на темпото на Марвел.
Чувари на Галаксијата ќе се прикажува во кината, почнувајќи од 1 август.
http://www.youtube.com/watch?v=pTZ2Tp9yXyM

You must be logged in to post a comment Login