Пенелопе Круз според најновите информации изгледа дека ја добила улогата за Бонд девојка во новото продолжение на филмот за агентот 007.
Шпекулациите за тоа дека убавата глумица ќе се најде во новото продолжение се појавија уште минатата година, но гласините сеуште не се потврдени. Сепак еден француски весник дојде до документи од продуценската куќа, во кој покрај Пенелопе, актерската екипа ќе ја сочинуваат и Даниел Крејг, Рејфон Фајнсом и Наоми Харис.
Потврда или демант на оваа иформација сеуште нема, но многумина прогнозираат дека шпанската глумица ќе биде правиот избор за оваа улога.
Новото продолжение за британскиот агент ќе почне да се снима во Ноември, а се очекува во кината во почетокот на есента 2015.

You must be logged in to post a comment Login