Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

На иста адреса

Нов филм на генијалниот Jim Jarmusch

Only Lovers Left Alive е новиот ретро шик, хипи вампирски филм на култниот Jarmusch закажан во кино салите за на 14ти Април.

Носечка енергија е страствената хемија  помеѓу Tilda Swinton и Tom Hiddleston. Како што изјавува и самиот режисер ова е есенцијална  љубовна приказна, долговековна приказна за двајца софистицирани, едуцирани, љубопитни суштества кои се уште се борат со скротување на својот анималистички нагон.

Прв пат претставен на Канскиот фестивал 2013, новото дело на Jarmusch е прекрасно и раскошно дизајниран филм со вампири.

 Only Lovers Left Alive

Како вечно живи љубовници Tilda Swinton и Tom Hiddleston се држат екстремно елегантно и страствено. Hiddleston е Адам изолирана рок ѕвезда која се крие од своите фанови во Детроит. Tilda Swinton е неговата Ева, карактер на кој му ја пренесува нејзината вообичаена кралска надменост: нејзиниот лик живее во Тангер, опкружена со нејзината книжевна колекција и во константни литературни дијалози  со Christopher Marlowe (John Hurt) кој е замрзнат во „вампирдум“ во старите времиња. Самиот режисер е огромен обожавател на  Marlow кој е голем скептик за неговата смрт и фактотдека тој е човекот кој стои позади сите дела на Шекспир.

Така и се развива дејствието во филмот кога Адам  добива разгледница портрет од Marlowe на стари години, човек кој треба да е мртов на 29.

Дејствието не носи по тоа во Детроит каде посебно ескалира со појавувањена сестрата на Ева – Ава (Mia Wasikowska).

Заговори, мрачна атмосфера и љубовна приказна за двајца љубовници кои се прифатиле со сите разлики…

Погледнете го официјланиот трајлер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement