Филм за љубовта помеѓу американските студенти и муслиманите кои живеат во Кенија.
Популарната 55-годишна поп кралица Мадона ќе режира нов филмски проект, романтична драма која ја нарече Ада. Се работи за адаптација на романот Ада: Љубовната приказна на Ребека Вокер.
Приказната е за љубовта помеѓу американска студентка и мсулиман кој живее во Кенија. Брус Коен ќе биде продуцент на филмот, а во моментот се трага по сценаристот.
Последно режисерско дело на Мадона е филмот W.E. од 2011 година, приказна за љубовта помеѓу Едвард VIII и американката Валис Симсон.

You must be logged in to post a comment Login