Навистина, ова што ќе го видите не е навистина почеток на долго очекуваното продолжение на легендарната сага за времепловот која го прати Марти Мекфлај и докторот Емет Браун, но без обзир на тоа ќе ве наежи.
За сите генерации родени кон крајот на седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, што се однесува на американската кинематографија, постојат три светилишта кои на никому не му е дозволено да ги допре: Војна на ѕвездите, Индијана Џонс и Враќање во иднината.
Со исклучок на последниот, сите останати имаат свои продолженија. Прво тоа беше случај со авантурите во една “далечна галаксија”, кога беа снимени три нови епизоди кои временски се сместени пред случувањата на првобитните три дела (а се подготвуваат уште продолженија по нив), за потоа и најхрабриот светски археолог да ја доживее истата судбина. фановите имаат замерки за сите, иако малку повеќе на четвртиот дел на Индијана Џонс, отколку на Војна на ѕвездите, а повеќе од дваесет години, обожавателите им го поставуваат истото прашање на творците на времепловските патувања: дали ќе има уште едно продолжение?
Роберт Земекис, Боб Гејл и Нил Кантон на ова прашање прв пат одговорија во визуелна форма, фотографирајќи се со маиците на кои е прецртан римскиот број IV. Кирк Камерон истата 1990 година го повтори тоа во документарниот филм за оваа трилогија.
Во месец мај 2008 година, по премиерата на четвртиот дел на Индијана Џонс, Боб Гејл на конференцијата за печат си спречи сите прашања на таа тема, велејќи: “Дозволете ми да одговорам на едно прашање пред некој да го постави, а тоа е ‘дали ќе го снимаме Враќање во иднината IV?’. Не”.
Бидејќи публиката на која што се обраќаше ја облија воздишки на разочарувања, Гејл додаде: “Почекајте малку. Сите сме виделе дека кога филмаџиите снимаат премногу продолжетоци, луѓето велат дека ‘можеби не требало да го нарпават тоа’. Нема да ги именувам тие филмови, но сите знаеме за кои станува збор”.
Меѓутоа, најважна е состојбата во која се наоѓа Мајкл Џеј Фокс, кој боледува од Паркиснова болест, а идеата за снимање на филмот без него едноставно не изгледа доволно привлечно. Гејл исто така рече дека мисли дека четвртиот продолжеток едноставно не би бил добар како првите три, поради тоа што работите би требало да останат такви какви што се.
Меѓутоа… Кога би постоел четвртиот дек, би почнал баш онака како што е замислено на ова фан видео. Ви ветуваме дека ќе ви се наежи кожата!

You must be logged in to post a comment Login