Продуцентот на “Сексот и градот“ Michael Patrick King, смета дека остана уште една приказна за фамозната четворка што треба да биде раскажана…
King во едно од интервјуата што ги има дадено, откри дека приказната за “Сексот и градот“ не е раскажана до крај.
“Ликовите во последниот дел се ‘оставени’ така што сеуште се прашувате што се случува со нив“, изјави King.
“Sarah Jessica Parker и јас знаеме за што се работи во последниот дел“, додаде тој. “Тоа не мора да значи дека треба биде раскажано, но верувам дека ќе го реализираме“, загонетно додаде продуцентот.
“Тие четири девојки се и понатаму во моите мисли“.
Додека Carrie и Charlotte се радуваат за евентуалното продолжение на серијалот, Miranda смета дека имаат поминато многу убави моменти и дека е време да останат работите како што се сега.

You must be logged in to post a comment Login