Transcedence изгледа многу ветувачки и ни дава надеж дека повторно ќе уживаме во квалитетен техно-рилер. Ако нешто недостига во филмскиот свет, тогаш тоа се квалитетни СФ трилери кои барем донекаде ги пратат современите случувања во светот на напредната технологија. Transcedence се занимава со актуелна тематика во контектс на развојот на ветачката интелигенција и движење на нашите умови од кревките, човекови тела во дигитален облик, што во теоријата се нарекува сингуларитет и го означува моментот во еволуција на човештвото кога вештачката интелигенција ќе стане толку развиена, што ќе ја надмине нашата. Тогаш најверојано ќе се одврти едно од следниве две сценарија: целосно уништување на инфериорната човекова раса или спојување на човекот и компјутерот во сосема нова форма на живот.
Со актерска поддршка на Џони Деп, Кејт Мара, Морган Фримен и Силиан Марфи, интересна и не премногу интензивна акција и тематика која во следните неколку години би требало да стане еден од најсериозните проблеми во секое домаќинство, се чини дека режисерот Фистер ни подготвил вистински хит и филм каков што чекаме добри 15 години. Дали ќе ги исполни сите наши очекувања ќе провериме на 18. април.
http://www.youtube.com/watch?v=kLnafnNhOLo

You must be logged in to post a comment Login