Доколку сте голем обожавател на дизјаните на Christopher Bailey, веруваме дека ќе се заљубите и во оваа златна колекција која визионерот на модната куќа Burberry ја осмисли специјално само за кинескиот пазар.
Во неа доминираат фустани, мантили и капути во златни нијанси и во песочни бои, а е достапна само во Шангај каде пред неколку месеци беше отворена најголемата Burberry продавница во Азија.
Прашање е колку долго споменатата колекција ќе остане на полиците со оглед на големата популарност на самиот бренд и диазјнерот. Ден, два, една недела, месец…?








You must be logged in to post a comment Login