• Сподели на:

Војничките јакни и капути и оваа есен се во тренд

___

Војничките јакни и капути се тренд секоја есен кој важи за еден од омилените кај девојките, а истото е случај и оваа сезона.

Имено, дизајнерските модни куќи во своите колекции сместија по неколку парчиња од овој модел инспирирани од војничките парчиња.

Најмногу од сите се истакнува модната куќа Балман чиј дизајнер секоја година се инспирира од споменатите мотиви, а тука се секако и Алесандро Мишел од Гучи, дизајнерите од Сен Лоран, Алтузара, Манго, Зара и многу други брендови.

kaput02

Јакните и капутите тие ги украсуваат со неодоливи везови претежно во златна нијанса и впечатливи копчиња во иста боја.

Дел од нив се откажаа од класичната црна боја па за следната сезона претставија војнички парчиња во розова, сина, зелена и црвена боја како едни од најпосакуваните.

kaput02

Секако тука се и пелерините како супер елегантен избор за дамите кои сакаат да го следат трендот, но истовремено да се уникатни и елегантни со изборот.

kaput02

kaput02

kaput02

 

 


Оставете коментар

___