Сакаме да изгледаме свежо и убаво, стилски во текот на годината, но понекогаш не е толку лесно да се најде идеална комбинација на бои. Нашиот предлог е клуч на успехот како совршено да ги искомбинирате боите.
ЦРВЕНА

Доколку носите облека во црвена боја, ќе бидете во центарот на вниманието. Црвената обично се смета за боја која ја носат оние со голема самодоверба.Црно-црвената комбинација се смета за класика. На пример, можете да носите црно-бел фустан и црни дебели хулахопки или хеланки и на таа комбинација ако додадете црвен капут, тоа би било одлично.
ПАСТЕЛНИ БОИ

Не се плашете да ги искомбинирате пастелните бои , тие се хит оваа година. Светски познатиот Pantone институт, ја прогласи светло розевата и светлата лаванда како хит за оваа година.Следната пролет ќе биде многу нежна и сензацуална.
БЕЛА

Белата одговара во комбинација со било која боја. Соепак, совршено се комбинира со сина, црвена и црна.За неформален изглед, одберете комбинација на бела или светло кафена боја. Овие бои совршено одговараат за бизнис стил на облекување.
ТЕКСАС

Комбинирањето на различни нијанси на тексас, долго време не беше стилски и модерно, но оваа година границата е поместена и стана доста трендовски и популарно. Слободно можете да облечете фармерки од сите бои. Основното правило е дека нијансите на тексас не треба да бидат исти. На пример, можете да искомбинирате посветла тексас кошула со потемни фармерки.
МОРНАРСКИ СТИЛ

Coco Chanel ја внесе во мода познатата морнарска облека, уште дамнешната 1930 година, темно сините ленти се уште еден од најпопуларните отпечатоци. Морнарските бои се сина, бела и црвена боја. Дизајнерите препорачаа да се додадат некои златни детали за да ги направат да изгладаат пософистицирани.
РОЗЕВА БОЈА

Носењето нежно розева боја, дава мошне женствен изглед. Розевата мошне лесно се комбинира со бела боја, кремаста, светла сина .. За деловен состанок или пак за Вашиот работен ден светло розевата боја најдобро би било да ја искомбинирате со бела боја.
СИВА

Сивате не е досадна боја, таа е идеална боја за совршен бизнис стил. Но никако не ве советуваме целосно да се облечете во сива боја. Ќе изгледате сјајно ако сивата ја искомбинирате со зелена боја,од посветла зелена до најтемна нијанса на зелена боја.
СИНА

Сината е една од боите која се смета за најаристократска меѓу боите. Добро е да се искомбинира со бела и кремаста нијанса. Исто така, можете да ја искомбинирате со црвена, кремаста и жолта боја.

You must be logged in to post a comment Login