Vivienne Westwood во последно време е се погласен активист и борец за зачувување на природата, првенствено шумите, па потоа големиот дел од природата во Перу и тоа во близина на племето Ашанинка на кои им ја посветено својата есенска колекција во која доминираат племенски дезени и раскошни етно украси и перја.
Со желба нејзината колекција да се доживее како молитва, британската дизајнерка својата есенска колекција ја смести во сценографија на една париска црква во која религиските мотиви и атмосферата се преплетуваат со молитвата на колекцијата.
Секако, како и секогаш владееше царството на деталите и миксот на стиловите: афрички фустани, памучни туники со драматични дезени, кинески детали од свила, акробатски панталони, фустани во стилот на Марија Антоанета, кожни јакни, асиметрични капути во војнички стил…




























You must be logged in to post a comment Login