Модните трендови за претстојната сезона генерално веќе се подготвени, а време е да почнеме со сумирање на она што ќе доминира во тој период. За сега е доволно да ги дефинираме боите што ќе преовладуваат оваа есен и зима, а вие само треба да ги одберете нијансите кои најмногу ви одговараат, па кога ќе дојдат студените денови веќе ќе бидете на прагот на модерниот и женствен изглед.
Една од боите што ќе бидат во тренд есенва и зимава е светло сивата. Неа можевме да ја видиме во колекциите на многу познати модни брендови.
Друга боја од палетата што дефинитивно ќе има посебно значење е темно сината, а подеднакво интересен е изборот и на прозрачно црната или белата од страна на некои дизајнери. Други креатори пак, од своите колекции не ја изоставија светликаво златната боја.
Незаобиколен тренд за престојната сезона ќе бидат и топлите тонови како што се црвената, нијансите на виното, портокаловата, виолетовата, кафеавата… На вас преостанува само да се одлучите која боја ќе ви биде омиленаза да ве загрее.

















You must be logged in to post a comment Login