Одење со високи потпетици додека грбот ви е свиткан дефинитивно нема да направи да изгледате женствено и секси. Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да изгледате елегантно на високи потпетици.
Вежби за стапалата
За да носите чевли со висока потпетица, а да немате болки, подгответе ги стапалата со вежби за истегнување. Потпрете се со рацете на ѕидот, нога пред нога и со рацете туркајте кон ѕидот нежно растегнувајќи ги листовите и тетивите на стопалото. Листовите истегнете ги при што ќе се држите на двете стапала на подот, а грбот е исправе и буткате со колковите кон ѕидот.
Направете вежба со азбуката – со палецот исцртајте ги букците за да ги зацврстите глуждевите.
Правилно држење
За да се движите што поелегантно во потпетици, држете се до основите на убаво одење од моделот и модна советичка Мое Келсо.
– Штиклите секогаш стојте право и не се наведнувајте нанапред. Вовлечете го стомахот, а искористете го квадрицепсот за да се движите. Прстите последни да се одвојат од подот. Потоа пополека застанете на петата како дека ќе ги спуштите на подот прстите. – вели Келсо.
Идеална висина на штиклата
Идеалната висина на потпетицата кои истовремено обезбедуваат удобност и елегантен изглед е 7 сантиметри. Овие чевли ги поттикнуваат мускулите на ногата да се растегнат и обликуваат, ако треба да поминете повеќе време во штиклите, надобро е да изберете чевли со подевела потпетица.


You must be logged in to post a comment Login