Да имате широки колкови, значи дека имате облини на кои останатите жени им завидуваат. Но, понекогаш може и да имате проблеми при облекувањето на некоја облека. Дали сте горди на вашите облини или пак се трудите да ги сокриете? Како и да е, ние сме тука за да ви кажеме неколку трикови за како да ги сокриете колковите доколку така се чувствувате подобро.
Облека со V-израз
Кожата која е изложена на вашиот горен дел од телото, со сигурност ќе го одвлече вниманието од вашите широки колкови. Запомнете: Црното е секогаш секси и намалува неколку килограми.
Пуш-ап градници
Кој не сака поголеми гради (или барем илузија на поголеми гради)? И плус, градите ја подобруваат фигурата!
Никогаш не боли глава од циркони
Цирконите, или сѐ што е светкаво, се совршени за одвлекување на вниманието кон вашите колкови.
Никогаш доста од накит
Ако жената не може без нешто, тоа без сомневање е накитот. Исто така, огромните ланчиња обичната блуза ја претвораат во модно совршенство. И најважно, вниманието се задржува на вашето деколте, а не на колковите.
Долги кошули
Убавината на долгите кошули е во тоа што тие одлично ги покриваат вашите колкови.
Широки фустанчиња
Широките слатки фустанчиња едноставно никогаш нема да излезат од мода. Облечете некое фустанче како Џенифер Лопез и завладејте со светот!