• Сподели на:

Шест главни модели на чевли за ова лето

___

Можеби не ви се чини така, но летото само што не дошло. А, тоа значи: музички фестивали, излети, плажи, уживање во градините, скриени заливи… Кратко кажано: 24 часа поминати надвор!

Ова омилено годишно време значи и дека се носат најпрекрасните крпчиња, лелеави и лесни материјали, принтови, бои и удобни и тренди чевли.

Оваа сезона не се разликува многу од другите освен во тоа што патиките се број 1 тренд меѓу обувките, дополнети со сандалите со изглед на влечки. Ви ги прикажуваме шесте топ модели, а на вас преостанува да направите педикир и да одберете што ќе носите летово.

Еспадрили

Chanel и Valentino се потрудија за оваа сезона да смислат најинтересни еспадрили кои летово се носат во неутрални бои, шари на зебра, животински принт и сјајна кожа. Моделите се на прв поглед класчни, а сѐ повеќе е актуелен и миксот меѓу традиционалното и модерното (налик на рамни сандали).

1

Потпетици          

Овие чевли летово се појавуваат во неколку варијанти. Dolce & Gabbana си поигруваат со гроздови гранчиња, порцелан и пупки. Céline користи апстрактни фоми во металик боја, а Mary Katrantzou ги прекрива со егзотично цвеќе. Водете сметка останатиот дел од гардеробата да биде едноставен и минимален, бидејќи ваквите чевли се повеќе од доволен детаљ.

2

Влечки

Некои ги обожуваат, други не можат да ги смислат. Но, тоа не го поништува фактот дека ова лето ќе ги гледаме често, бидејќи спаѓаат во клучните модели. Освен што се крајно минималистички, овие влечки се супер удобни и идеално се комбинираат со фармерки и здолништа. Zara, Marni и Miu Miu во своите колекции лансираа неколку шик модели со светки за сите оние кои сакаат нешто поинакво од класиката и монохроматските палети.

3

Модни патики

Што друго да кажеме? Патиките се главен модел не само за летово, туку за цела година. Ви препорачуваме да ги избегнувате практичните и невпечатливи модели, а да избирате патики со детали како што се јаки бои и необични материјали, бидејќи тие се главниот моден додаток летово.

4

Платформи

Полната пета е повторно во мода. Платформите се практични, совршени за летните кафе-паузи по градините, за свадбите на отворено, за сите настани на трев. Тие зрачат со летни вибрации без оглед на бојата и моделот.

5. jpg

Металик моменти

Металикот е присутен во скоро секоја летна колекција. Речиси сите модели што досега ви ги претставивме се достапни и во металик боја. Оваа година, освен сонцето ќе сјаете и вие т.е. вашите чевли. Изберете блескав пар!

6

 

 


Оставете коментар

___