• Сподели на:

Сестрите Кардашијан дизајнираа облека за деца

___

Сестрите Ким, Кортни и Клои Кардашијан на 15 март ќе ја лансираат својата нова колекција, овој пат наменета за деца.
Парчињата облека кои тие ги создале за деца на возраст до 24 месеци, украсени се со пеперутки, светкави ѕвезди и разни други мотиви. Сепак, сестрите не успеаа да одолеат на “енимал” принтовите, па ги искористија и за овие креации. Така, во оваа колекција, помеѓу останатото, може да се видат и комбинизони за деца со тигрест дезен.
“Од дете ја сакам модата. Сега, како мама, сакам да бирам и смислувам што ќе му облечам на моето бебе. Оваа колекција е токму тоа што го замислувам моето бебе да го носи”, изјавила Ким Кардашијан.
Парчињата облека во оваа детска колекција содржат и детали од чипка, разни апликации, вештачка кожа, имитација на бисери, а генерално се нежни, пастелни бои. Како што дизајнерките објаснуваат, некои од нив се дизајнирани да изгледаат луксузно и за посебни пригоди, додека има и од оние “обичните”, секојдневни парчиња.
Цените на парчињата облека од колекцијата “Kardashian Kids” се движат од 20 до 45 евра.

Оставете коментар

___