• Сподели на:

Сестрата на Kate Moss – ѕвезда на кампањата на Calvin Klein

___

Lottie Moss, помладата сестра на светскиот супер модел Kate Moss храбро тргна по чекорите на својата постара сестра откако ја сними кампањата за Calvin Klein, брендот што ја прослави славната манекенка на почетокот на 90-те години од минатиот век.

Имено, Lottie е ѕвезда на најновата кампања за колекцијата која Calvin Klein ја направи за онлајн продавницата Mytheresa.com. Колекцијата опфаќа едноставни, базични парчиња облека како маици, лесни џемпери, фармерки, дуксери, шорцеви, долен веш, трегери и тексас кошули.

Kevin Carrigan, креативниот директор на брендот искоментира дека колекцијата е омаж на стилот кој доминираше во 90-те години и кој сега е еден од главните трендови на сезоната.

„Ова е совршено време да ја пласираме колекцијата бидејќи се работи за модели кои се инспирирани од 90-тите. Сакаме новите генерации да се запознаат со нашите најбарани парчиња облека и да го почувствуваат комфорот кој го нуди Calvin Klein.“

 


Оставете коментар

___