Сакате ли комбинезони? Можеби не се така практични кога треба да одите во тоалет, но мора да признаете дека секогаш изгледаат некако посебно. Многу ретко ги сретнуваме по модните писти, но за оваа сезона Emilio Pucci предлага да не ги прескокнувате кога станува збор за прошетка низ градот. Можете да одберете спортски варијанти или пак, да се одлучите за нешто убаво и отмено.
За сите оние кои преферираат фустани, погледнете ги неговите предлози за оваа сезона кои се истакнуваат со интересни кроеви, голема доза женственост и сексапил. Токму онака како што и треба да изгледаат жените! Ако ви се допаѓаат овие креации, за да видите повеќе модели од последна колекција посетете го неговиот веб сајт.











You must be logged in to post a comment Login