Manolo Blahnik, познатиот дизајнер кој го покори светот со своите чевли, планира повторно да го стори истото но овој пат со своите торби.
Дизајнерот ова лето ќе исфрли премиерна линија на вечерни торби препознатливи, посебни и со разигран дизајн. Првата колекција која ќе се најде во Лондон ќе се продава по неверојатни 1.300 фунти па нагоре. На торбите ќе има орнаменти кои се препознатливи на неговите чевли.
Сите модели ќе бидат направени од сатен до силни бои и украсени со големи Сваровски кристали.

You must be logged in to post a comment Login