• Сподели на:

Предлог аутфит за првите есенски денови

___

Повеќето од вас не се љубители на дождот, а оние пак што го сакаат, го прифаќаат само под услов да се дома или некаде во затворена просторија. Доколку сте мрзеливи и не се дотерувате многу, следниот совет ќе ви користи многу!

Тесните панталони, по можност кожни, се секогаш добар предлог, препорачуваме да се во темна боја, темно сина, зелена, костенлива или едноставна црна. Капут или мантил е исто така неопходен детаљ. Се’ тоа многу лесно се комбинира, а изгледа многу шик.

Кожните чизми се многу практични, тие се сигурна заштита од вода и кал. Шешир и чадор се исто така одлични аксесоари за дождливиот период, а ќе направат да изгледате многу модерно.


Оставете коментар

___