Неодамна младата пеачка Тејлор Свифт заблеска во фустан од H&M кој чини 14 долари. Девојката која може да си го дозволи најскапиот фустан, покажа дека за добар изглед не е потребен дебел паричник. Во црниот фустан со бели точки изгледа преслатко.
Бјонсе на својот профил на Instagram објави фотографија со тиркизна торбичка со потпис на Longine која чини 30 долари.
Кога модната икона Алекс Чунг носеше здолниште од 35 долари, тогаш тоа мора да биде потврда за вас, нешто што е убаво, не мора да биде и скапо. Вистинските ѕвезди тоа го знаат, а најдобар пример како да изгледате супер во комбинација од висока мода и улични брендови е војводката од Кембриџ, која често можеме да ја видиме во комбинации од Zara.