Новите колекции со потписот на Karl Lagerfeld за Chanel секогаш знаат да предизвикаат поларни реакции. Но, понекогаш е потребно да се загледате во деталите за да ја разберете неговата естетика. Ѕирнавме зад кулисите на неодамна одржаната ревија на Неделата на висока мода во Париз и еве што најдовме таму!
За новата колекција haute couture Lagerfeld се инспирира од два, на прв поглед, сосем спротивни извори, комбинирајќи ја архитектурата на славниот архитект Le Corbusier и естетиката на луксузната палата Версај.
Влијанието на францускиот пионер на модернизмот се исчитува во цврстите линии и геометриските облици, додека Версај се огледува во богатите, завршни, златни везови и шарените декоративни елементи. Набљудувањето на сите тие мали и значајни детали може да трае до бесконечност. Но, ништо не може да помине без рокенролот. Па, така фризурите од оваа ревија лесно ќе ги замените со некоја од капите во авангарден дух, кои делумно влечат инспирација од панкерите на лондонските улици.
Во нашата прекрасна галерија може да погледнете како беше зад сцената во величенствената париска Grand Palais.





















You must be logged in to post a comment Login