На овогодинешното доделување на Оскарите, сите очи како и обично се насочени кон црвениот тепих. Но, Оливија Мун, Ана Кендрик и Пенелопе Круз со својот избор на фустани го привлекоа вниманието на присутните, не со воодушевување, туку со зачудување. Оливија Мун киоја обично е во изборот на најдобро облечени, овојпат одбрала фустан кој на деколтето има многу чудна структура и на многу неприроден начин ги истакнува нејзините гради. Женствен и прекрасен крој се прекинува со футуристичка изведба. Штета, од Оливија се навикнавме само на најдоброто.
Пенелопе Круз ретко прави грешки кога е во прашање црвениот тепих, но овој пат со свилената тоалета на Џанбатиста Вали во боја на пудер изгледаше претерано. Тоалетата е во крој на тога, а премногу материјал, особено на грбот на кој се слева во набрани слоеви. Поради премногу материјал не можеа да дојдат до израз убавите линии на телото.
Ана Кендрик ризикуваше во својата црна Џеј Мендел тоалета. Оваа 28 годишна актерка ги покажа своите совршени нозе ( потсетува на Анџелина Џоли од минатогодишниот црвен тепих со нејзината фамозна тоалета ) но цветниот елемент на стомакот, асиметричниот елемнт околу вратот и спортскиот изрез околу рамената – тоа се едноставно премногу некомпатибилни елементи на едно место.
Во оваа чудна комбинација, дивата Лајза Минели дозволила од горниот дел од комбинацијата да се познаваат „штитниците за брадавици“. Многумина велат дека тоа е најнезгодниот дел од овогодинешниот црвен тепих.










You must be logged in to post a comment Login