• Сподели на:

Плисирани здолништа – моден тренд за пролет-лето 2016

___

По златното плисирано здолниште од „Gucci“  кое стана вистински хит меѓу трендсетерките на миланската модна недела беше само прашање на време кога и хај-стрит брендовите ќе ги пуштат во продажба своите верзии на ова хит парче.

И секако дека не требаше многу време да помине овој тренд да завладее низ улиците на светските метрополи, па покрај златните модели во мода се сите варијанти на ова плисирано здолниште, а меѓу нив најпопуларни се моделите во металик нијанси. Станува збор за парче кое можете да го комбинирате во најразлични нијанси, па доколку сезонава сакате да изгледате шик, сега знаете што треба да изберете.

 


Оставете коментар

___