Сите оние кои сакаат да се облекуваат по примерот на своите омилени личности, сега ќе можат да купуваат гардероба од виртуелните плакари на ѕвездите.
Помладиот брат на Линдзи Лохан моментално работи на апликацијата Vigme, со помош на која фановите ќе можат да купуваат иста гардероба која ја носат нивните омилени познати личности.
Мајкл Лохан објаснува дека „кога Линдзи купува нешто, тоа „парче“ веднаш се појавува во нејзиниот виртуелен плакар. Луѓето можат да видат што се наоша во тој плакар и доколку некој ја купи таа гардероба, парите одат во џебот на Линдзи“, објасни тој.
“Тоа е начин трендсетерите да заработат од своето влијание“, додава Мајкл.
Познатите личности кои ќе одлучат да учествуваат во тоа, односно да имаат свои виртуелни плакари, можат, по своја желба, да ги донираат заработените пари во добротворни цели.

You must be logged in to post a comment Login