• Сподели на:

Овие патики одат со се!

___

Трендот на носење платнени и кожни патики со секакви комбинации на некои луѓе сеуште им звучи незамисливо, но светските трендсетерки ги фураат со здолништа, фустани и што уште не…

Фармерки, широка маица и патики се тренд кој никогаш нема да остаре, но сега патиките, почнувајќи од оние со скриена потпетица од пред неколку сезони, се вовлекоа во сите стилови на облекување и сите пригоди.

Дури и славните личности на црвениот тепих се појавуваат во патики – и како да не го прават тоа, кога манекенките на Шанел ги носеа на модната писта во Париз!

Време е за нови пролетни модели со весели бои, и не заборавајте дека освен класични патики со врвки се носат и оние со платформа.
Погледнете што нудат Replay, Mango, HM, Paul Green, New Yorker, Le Coq Sportif.

 


Оставете коментар

___