Мишел Обама во зелена светла Наем Кан фустан го инагурираше Ана Винтур центарот за костим на свеченоста во њујоршкиот музеј.
Првата дама на САД Миешл Обама синоќа даде признание на легендатата на магазинот “Vogue” Ани Винтур пресекувајќи ја врвката на реномираниот центар за костим во метрополитен музејот, вредно 40 милиони долари, кој е наречен по славната уредничка на овој магазин.
По инагурацијата на центарот, таму следеше веќе традиционалниот Мег гала бал на кој присуствуваат бројни личности од светот на шоу бизнисот.
,,За нашите млади…овој центар ќе биде извор на инспирација и учење”, кажала Обама.
Холивудската глумица Сара Џесика Паркер присуствуваше на отварањето заедно со дизајнерот Даен Фон Фурстенберг, Марк Џејкобсон, Келвин Клајн, Ралф Лорен, Стела Макартни и Оскар де ла Рентом.
Институтот за костим беше две години реновиран и наречен е по Винтру, главната и одговорна уредничка на магазинот “Vogue” и уметничкиот директор на издавачката куќа “Conde Nast”.
За отварањето на центарот организирана е и изложба на дизајнерот Чарсл Џејмс која ќе трае до 10 август.
Со две изложбени галерии, центарот има повеќе место за конзервација, складиште и библиотека.

You must be logged in to post a comment Login