Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Нов тренд: Минт зелена

Иако пастелната минт доминираше во есенските колекции, таа продолжи да ги бои и пролетните парчиња во вид на чипкани здолништа, свилени блузи, лесни палта и коктел фустани.

Пролетниот пастел е слаток како бомбона и освојува со своите неон нијанси, во комбинација со секси салонки, различни текстури и интерсени кроеви, станувајќи на тој начин најстилскиот изглед за оваа сезона! Особено кога е во прашање минт зелената.

 

Во овие нијанси Christopher Bailey го обои поголемиот дел од својата Burberry пролетна колекција, додека Miuccia одбра оваа боја да доминира на нејзините Miu Miu палта. Oscar de la Renta за разлика од споменатите колеги одлучи во минт да ги креира своите коктел фустани кои може да се носат во комбинација со еспадрили, шешири и марами.

 

Како да носите минт: Оваа совршена боја за топлите, летни денови можете да ја носите во вид на лесен пуловер или свилена блуза во комбинација со бели пантолони и boyfriend фармерки. Плисираните и midi здолништа се исто така во мода, па можете минт нијансите и тоа како да ги вметнете во својот конечен избор.

Ако сакате да биде присутен во помала доза, наш совет е да изберете некој додаток во таа боја: салонки, ташна, но и очила. Вие одлучувате во колкава мера минт пастелот ќе биде присутен.

 

Инспирација за претстојната сезона: Oscar de la Renta, Burberry, Miu Miu, Calvin Klein, Christopher Kane и Rachel Zoe.

 

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...