Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Непредвидливи начини да носите тантела во 5 разлини пригоди

Оваа модна сезона тантелата е еден од најкористените материјали, таа е романтична и безвременска и овозможува големa разновидност. Следниве комбинации се наменети за пет различни пригоди, но даваат слика за малку поинакви и невообичаени стајлинзите кои не би помислиле дека може да ги носите. Тантела за на работа!? Зошто да не се прекрши деловниoт дрес-код, ама на суптилен и правилен начин. Забава во ноќен клуб во шорцеви? Само за најхрабрите и само доколку крајниот изглед е ослободен од нападна сексапилност и вулгарност.

Мини фустан во интензивна боја за љубовен состанок – заводливо и забавно, овој фустан е соодветен за вечерно излегување со момчето, комбинирајте го со сандали со ремче, мала клач-чанта и само едно парче накит со едноставен изглед.

1

Проѕирен топ за вечерно танцување – ова е малку поинаква вечерна облека. Комбинацијата од транспарнтна тантелна блуза со добро скроени шорцеви е алтернатива на малиот црн фустан за вечерно излегување. Стилистите предлагаат залижана коса и впечатливи обетки како завршница на изгледот.

2

Фустан од тантела за на работа – иако е против бизнис правилата, тајната на овој деловен изглед е да се избере елегантен крој со долги ракави, затворено деколте и тантела која во никој случај не треба да биде проѕирна, повеќе да изгледа како принт, а не вистинска тантела. Комбинирајте со салонки и поделикатен накит.

3

Романтична бела блуза за викенд прошетка – Тантелата и џинсот се супер спој за неформални пригоди. Комбинирајте со зимска моторџиска јакна и тренди ниски чевли со шпиц и ќе добиете лежерен, но модерен изглед.

4

Здолниште за коктел забава – ова е нов начин како да носите волуменозно здолниште или фустан од тантела во стилот на 50-тите, важно е да го модернизирате целиот изглед со елегантен капут со машки крој и минималистички детали.

5

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...