Откако се одмори од напорната сезона на црвени теписи, харизматичната глумица Лупита Нијонго се врати на јавните случувања и покажа зoшто модниот свет толку ja обожува.
Како ѕвезда на насловната на магазинот Marie Claire за месец Мај, Лупита заблиска на забавата која се одржа по повод лансирањето на новиот број.
Младата икона за таа прилика се одлучи за фустан од Giambattista Valli од есенската колекција кој го надополни со потпетици од Cristian Louboutin во сребрена боја и накит со цветен принт од Graciela Gems.

You must be logged in to post a comment Login