Кога станува збор за новогодишните фустани, секогаш се фаворити оние кои покажуваат малку (или малку повеќе од телото) – со едно рамо, деколте и слично, а истовремено и фустани од сатен, со чипка, светкави. Сребрената, златната, црната, црвената како што веќе пишувавме, се новогодишна класика, но за дочекот на 2015 има и други трендовски бои.
Ако сакате да бидете in, а истовремено да го истакнете својот сексипил, разгледајте ја следнава галерија.
Со некој од овој вид фустани што ви ги предлагаме, сигурно ќе бидете забележливи. Основно правило за најважниот фустан во годината е: да изгледа гламурозно како да вреди многу пари! Секако тоа не значи и дека навистина треба да потрошите толку. Можете сами да си сошиете, да прекроите нешто старо, или во бутиците да пронајдете некој сличен примерок фустан по пристапна цена, што потоа со мали додатоци ќе го направите да изгледа раскошно.










You must be logged in to post a comment Login