• Сподели на:

Нека ве забележат: Водич за бирање на ланчиња

___

Различните деколтеа и изрези изгледаат подобро со одреден вид накит, објаснуваат модните експерти. Ние ви откриваме мал водич за што повпечатлив стил.

Откријте како да ги комбинирате вашите ланчиња со различите видови гардероба и да постигнете што поефектен изглед.

Ролки – со нив најдобро одат подолги ланчиња.

Изрези до врат – им одговараат ланчињата во форма на крагна.

1

Длабоко и кружно деколте – дополнете го со неколку низи на бисери или поголем привезок.

2

Без прерамки – во комбинација со кратки привезоци, за да што помалку се покрие деколтето.

3

Правоаголен изрез – користете привезоци со агли кои ќе бидат во склад со ваквиот отвор.

4

Асиметрично деколте – комбинирајте го со ланче што не е симетрично, а добра алтернатива се и синџирчињата со бисери или други детали со различни големини и облик.

5

Изрез  во V– во зависност од тоа дали се работи за потесен или поширок изрез, му одговара исто такво ланче.

6

Кошула со копчиња – тука нема место за поголемо ланче, па ако имате подолг врат, најдобро ќе ви стои ланче за околу врат, а во спротивно одберете помал привезок кој ќе виси до последното откопчано копче.

„Чамец“ – за ваков тип на отвор идеaлни се две низи на бисери.

Набран изрез – овој отвор сам по себе претставува детаљ и има волумен, па му одговара или кратко ланче со помал привезок или обетки со пердуви наместо синџирче.

7

Деколте во облик на срце – заобленото широко ланче ќе го урамнотежи отворот на овој изрез.

 

 

 


Оставете коментар

___