Кендис Хафајн , плус сајз модел и ѕвезда на многу календари постигна уште еден успех. Девојката која го сака своето тело и се чувствуваат добро во него е дел од летната кампања, што се однесува на костуми за капење и лежерни фустани за големите дами.

– Јас јадам нормално и вежбам, но мојата тежина не се менува. Веројатно е судено да изгледам вака – рече таа во интервју за “Јаху Стил “.
Величенственоста на нејзините облини во бански костуми доаѓаат до полн израз. Границите помеѓу облека за витки и крупни девојки дефинитивно веќе не постојат.
Различни стилови на костумите за капење од оваа колекција се прилагодени токму за оние со некое кило повеќе.

Кендис (30) е позната како прва “дебелка”, која се претстави за насловната страница на “Вог” и позирала за многу други важни глобални модни магазини.
На почетокот на својата кариера агентот од неа побарал да ослабе , но таа одбила.







You must be logged in to post a comment Login