• Сподели на:

Најголемиот хит за ова лето – Чанти и шешири од слама!

___

Неверојатните чанти и шешири од слама повторно се враќаат на модната сцена, но овој пат тие стануваат најголем хит за лето 2015.

Чантите од слама се кул и може да ги комбинирате со секоја облека. Тие најчесто доаѓаат во неутрална боја, па затоа може да ги комбинирате со најразлични принтови или различни летни парчиња. Тие исто така се совршени за на плажа! Постојат многу стилови, а кој и да го одберете нема да погрешите, бидејќи тие се секогаш совршен избор за да го „зачините“ летниот изглед.

Дизајнерите оваа сезона ни предлагаат разновидни стилови, во беж, неутрални бои, силни бои, но и во потемни како црна и тегет. За деновите на плажа одберете голема чанта од слама каде што ќе можете да го спакувате сето она што ви е потребно – масло, крем за сончање, пешкир, омилената книга.

За вечерни излегувања може да одберете плик чанта од слама која изгледа неодоливо. Значи, кога ќе изберете фустан за вашето излегување, надополнете го со вашата омилена модерна чанта од слама и уживајте во долгите и топли денови и ноќи.

 


Оставете коментар

___