• Сподели на:

Најдобри градови за шопинг

___

Спаѓате ли во групата на „купохоличарки“, тогаш ова е вистискиот  текст за вас.

Меѓу најдобрите градови за шопинг, прв е секако Њујорк, затоа што изобилува со роба за сечиј вкус и џеб. Таму купохоличарите уживаат во многубројните бутици на најпознатите модни креатори во Ист Вилиџ, во трговските центри во Вилиамсбург, но и во Бруклин и Бродвеј.

Второпласиран е Токио, каде има изобилство на шопинг центри во кои покрај во купувањето, посетителите можат да уживаат и во забавните паркови со последните технолошки иновации и рестораните кои го задоволуваат вкусот и на најпребирливите гастрономи.

На третото место се наоѓа британската престолнина, Лондон, кој се наоѓа на листата поради многубројните бутици кои претставуваат вистинско огледало на модата од целиот свет.

Куала Лумпур, главниот град на Малезија е четврт на листата, бидејќи таму се наоѓаат дури три од 10-те најголеми трговски центри во светот.

А, каде е Париз? На петтото место и тоа само благодарение на купувачите кои се љубители на високата мода.

Поради оние со поплиток џеб, Хонг Конг е шестти, нудејќи изобилство на ефтина кинеска роба.

На седмото место се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес, неприкосновен лидер во однос на производството на кожа, но и рај за љубителите на гастрономијата и виното.

Осма е Виена, позната по продавниците за кристал, големите божиќни распродажби, но и специјалитетите во кои се ужива по „напорниот“ шопинг.

На деветтото место е Дубаи, а листата завршува со Мадрид.

Top 10 The World's Best Shopping Cities by CNN Travel

 


Оставете коментар

___