Иако Birkenstock влечките и патиките ги покорија улиците на модните метрополи ова лето, сандалите со тенки каивчиња и понатаму останаа must have модел за вечерните прилики, како најсекси летно парче кое им пркоси на сите можни трендови од сезона во сезона.
Тешко е да се каже во што е тајната на овие чевли кога дефинитивно постојат поубави модели, но тој секси фактор што овие сандали му го даваат на секое стапало во голема мера придонесе многу дами да изберат токму ваков пар за некој коктел, малку поформална журка, состанок и слични прилики.
Овој вид го обожуваат познатите дами (Diane Kruger не излегува од нив) кои најчесто го носат моделот Nudist со потпис на дизајнерот Stuart Weitzman. Освен сексапилната нота, овој пар сандали и ви ја издолжува ногата, а може да се комбинира со сѐ: од тесни, секси фустани, преку boyfriend фармерки, до обични маици + плисирани сукњи.
Затоа, доколку немате некој ваков модел во вашата колекција, крајно време е да го набавите!



You must be logged in to post a comment Login