• Сподели на:

Моднорексија: Младите не јадат и не плаќаат сметки за да можат почесто да шопингуваат

___

Скоро 63% од младите во Велика Британија си ги скратиле себеси основните потреби за да можат што почесто да купуваат гардероба и да посетуваат козметичар .
Скоро половината Британци прескокнуваат оброци, позајмуваат пари од родителите и доцнат со плаќање на сметките за да можат да си купат облека или посетат козметичар, покажало истражувањето на британската компанија Vouchercodes.co.uk.
 kupovina-1379328239-14140
Таквото токсично однесување се нарекува моднорексија или “fashionorexia” и најчесто е карактеристично за младите луѓе. Скоро 63% од нив скратиле од своите основни потреби за да можат што повеќе да шопингуваат.
Заради тоа буквално две недели ќе јадат само грав и тост, само за да си купат се што ќе посакаат, скоро 12% од нив доцни со плаќање на седум сметки поради оваа опасна навика. Секоја осма личност позајмува пари за работи кои не ни и требаат и кои чинат од 50 до 85 евра.
Дел од нив одат до толку далеку што не ни излегуваат преку викенд само за да заштедат за шопинг, потврдило истражувањето. Повеќето заштедата ја трошат на облека, концерти, третмани за убавина и годишни одмори. Скоро третина од луѓето имаат грижа на совест поради тоа, но ја потиснуваат со малото задоволство кое го добиваат купувајќи нови работи.
devojka-potpisuje-cek-1392374296-26800
“Резултатите од истражувањето се зачудувачки. Неверојатно е да се види колку луѓе доцнат со плаќањето на сметките или дури си скратуваат оброци, само за да можат почесто да одат на шопинг. Во таквите случаи помага креирањето на буџет, кое би ги задоволило сите потреби”, истакнуваат од Vouchercodes.co.uk.

Оставете коментар

___