• Сподели на:

Модни совети за „елегантно пополнети“ девојки

___

Неколку килограми повеќе не се проблем за да се облекувате онака како што сакате и да имате свој стил. Прво мора да престанете да носите премногу широка облека, но и да избегнувате премногу тесна облека. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да изгледате елегантно и послабо.

Крој: Обратете внимание на кројот. Ако сакате да изгледате послабо, изберете рамни кроеви и едноставни линии. Фустаните со рамен крој ќе ви стојат подобро од широките фустани. Исто така преферирајте деколте во форма на V кое визуено ќе ве истенчи.

Боја: Најдобро е да изберете потемна боја, бидејќи ќе изгледате визуелно послаби. Но не се ограничувајте само на црна – изберете темноцрвена, темнозелена, темносина. За да го „освежите“ вашиот изглед изберете накит и додатоци во светли бои.

Купувајте облека во своја големина: широката облека ќе направи да изгледате уште подебело, додека тесната облека ќе ги нагласи вашите недостатоци.

Сокријте ги недостатоците: Ако имате голем стомак носете подолги маици кои се широки кај стомакот. Ако имате големи колкови не носете мини здолништа. Бирајте ја облеката која ќе ви помогне да ги сокриете недостатоцте.

Штикли: Високите потпетици ќе го издолжат вашето тело и ќе направат да изгледате послабо.

Фармерки: Фармерки со лош крој можат навистина да го уништат вашиот изглед. Внимавајте фармерките да не се собираат кај задникот и колковите. Најдобро е да одберете фармерки во темна боја без многу додатоци.

Аксесоари: Вистинските аксессоари ќе ги истакнат вашите омилени делови од телото. Со добри обетки ќе го истакнете лицето, со интересно ланче ќе го истакнете деколтето и ќе одвлечете внимание од стомакот, а со интересна голема чанта ќе го одвлечете вниманието од колковите.


Оставете коментар

___