Кој и да помисли дека Миучи Прада не е тип на дизајнер кој се потпира на трендовите додека креира, овој пат се се лаже. Најновата колекција на младешкиот бренд Миу Миу е преполн со детали кои владеат оваа сезона: тука е практичната форма, фантастичната трикотажа, спектакуларното крзно, пастелни и метални материјали.
Миу Миу девојките оваа есен ќе прошетаат во спортски, бомбер јакни, плисирани здолништа, транспарентни кабаници (или метални тренч капути), транспарентни чанти преку едното рамо и гумени чизми.
Доминира здолниште со форма А, кратките фустани и капутите триумфираа со пастелни нијанси на плава, жолта, розова, а на некои места монотонијата ја разбиваат дамки од црвена и тегет боја.














You must be logged in to post a comment Login