Раскошни, густи или во боја –бундите се парче облека кои од секогаш биле кои мора да се поседуваат, а оваа сезона дизајнерите им подариле ново руво.
Емилио Пучи ја дизајнирал бундата на која нема да одолеат многу љубителки. Оваа бунда најдобро стои со неформални стајлинзи.

Ели Саб традиционалните црни и сиви бунди ги заменил со валкано розеви нијанси. Неговата визија на идеална бунда е до колена и горниот дел да е густ. Идеална за вечерен стајлинг.

Гучи кратката бунда ја комбинираат со одлично одело во жолта нијанса. Изгледот потсетува на јакна и најдобро проаѓа со помалку формални прилики.

Армани е бунда која дава ново неонско руво. Поставата е во жолто-зелена нијанса, додека горниот дел е во сива. Одличен кежуал аутфит.

Роберто Кавали, кралот на принтот својата страст ја пренел и на бундата. Неговата верзија е до колена и исцртана е со црни, црвени и бели мотиви.

Далеку поефтини верзии на овој тренд можете да најдете во вметнатите крзна во сите бои кои можете да ги пронајдете во поголемите градови со големи трговски продавници.

You must be logged in to post a comment Login