Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ланвин: Светкава женственост со стил

Наспроти мат, пополчениот под во престижната париска школа Ecole Nationale Superieure des Beaux Art, модниот вошебник Alber Elbaz ја претстави колекцијата во која од првата до последната минута од ревијата, пистата блескаше во светлуцави креации!

images-2013-12-lanvin_svetlucava_zenstvenost_sa_stavom__208207027

Металик тул, сјајна свила, блескав твид, свтлуцав ламе, раскошен брокат и ткаенина од крут но сепак богат волумен кој кај секој модел со невидливи зборови стоеше “ јас сум супер Lanvin жена”, Alber коирстеше и светли нијанси на смарагдно зелена, златна, топла праска боја, бронзена, рибизла, костен…

Голем број креации, Elbaz  ги украси со ситни драгоцени камења со цел да додаде екстра ефект на креациите, па често имаше впечаток дека гледаме дефиле на нежни, сензуални драгоцени камења, кои сјаат како месечина во мрачната, егзотична ноќ.

Во колекцијата доминираа фустани бидејќи Elbaz има неверојатен талент да од крута форма на фустани со небичен крој и штепови, направи женствени, славејќи ја заносната силуета на секоја жена.

Британскиот модел Edi Campebell се појави во ламе фустан од розов, спирален карнер, а по неа следеа креации кои покажаа дека кај Elbaz, претерано, не постои : металик ламе блуза и чипкана сукња, џез фустан со низок струк и тенок каиш, пенкало фустан со карнери и свилена блуза, и широк кожен каиш, во пар со крзнена чипкана јакна.

Со желба малку да го смири изборот на материјали и форми, Elbaz, направи мала пауза со модели инспирирани од машки одела, од кои посебено остави впечаток комбинацијата на твид, панталони со шљокици во свилена боја, во пар со блуза и огромна машна, и златна, блејзер јакна.

Аксесоарите исто така беа ефектни, а  посебно внимание имаше на “garbage” торбите, но и гломазен накит со име на брендот. Чевлите блескаат исто како и креациите: сандали со пети украсени со ситни каменчиња, додека торбите беа најразноразни, од ташна од крокодилска кожа, клуч торбица со златни, крупни кристали, до еднобојни, мали четвртасти торби на долг и тенок каиш.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement